Актерката од БНТ, Соња Михајлова која често на социјалните мрежи искажува став по одредени актуелни прашања денес се придружи на жестоките реакции по повод отворањето на бугарскиот културен центар во Битола, кој битолчани го оценија како провокација и пропаганда:
…требаше да биде саботно вообичаена Битола,плус лазарева сабота,со вообичаена кафе гужва по Широк Сокак….ама нема мир во опсада, тензично, не само на Широк Сокак туку по цел град,секое сокаче , од полиција и специјалци, срамно и навредливо ,крајно некултурно за едно ,на наш терен, навредливо отварање на културен клуб чии претставници дошле па слушам од ТВ и уште рекле Битола е наш заеднички град…молам!??? наш битолски и македонски да ,а ваш ,па и заеднички мало морген … ..срамно ова денес ,срамно што се им се дозволи на соседиве….