Драган Ласков – Не свртувај се сине:
Абе „дикиши“ младите си бегат затоа што веќе не пали кај нив онаа прикаската со која нас и нашите генерации не „пеглавте“ у здрав разум, а тоа е: Ќути само мир да има, само мирно да е. Нема више онанија на таа „максима“. Овие деца нема да го трпат ЛИКОТ што коа вадат ИЗВОД од матично, 14 пати им го греши името, па презимето, па замислете-матичниот, па немало тонер, па у пм. Нема да го трпат ни оној мастурбаторот кој кога полагаат возачки ги „бута“ три четири пути, без образложение, за да лапне екстра 2000. Нема д го трпат ни полицаецот кој стои потпрен на бандера и незаинтересиранои посматра како на 20 метра у радиус му се случуваат едно 5-6 кршења на јавен ред и мир, ама на фраерот „не му бил реонот“. Нема да трпат 99 шалтери за да стигнат до некаков документ од катастар. Нема да трпат да чекаат решавање на некаков предмет во суд, во управна постапка, кој трае рецимо 5 години, и у меѓувреме ти умрел нотарот што ги поднел документите, па треба да идеш у архива да видиш шо понатака. А замислете у Архива има теткица МЕТУЗАЛЕМ која ти вика, дојди…у понеделник. КОЈ ПОНЕДЕЛНИК, ало…датум, време, саат…
Овие деца нема да трпат да се дебатира за еден нивни изостанок на родителска како да убиле човек, додека во соседната клупа низ брк се смешка „намазан“ родител на кој детето не му иде на школо зашо е по три пути на скијање-замисли-оправдано. Овие деца нема да трпат да положат 60 испита и на последниот некој МАТОРИ ОНАНИСТА да ги бута 5 пути, зашо? Никој незнае зашо…ете…иди кај асистентот тој ќе ти каже…а кај е асистентот…у Норвешка на семинар, коа се враќа…ноубади ноус. Овие деца веќе не сакаат да трпат закани од селанчиња кои се наместиле со газ лижење на место ШЕФ некаде….нема да трпат ГИЗДАВИ АВТОРИТЕТИ кои „добиле“ на подарок работно место и мислат дека „ЗАРАДИ ТАТО“ кој вака или онака напраил нешо, сеа сите треба да им се серат. Нема овие деца да чекаат магнетна резонанца (недај боже) од мај за у септември, овие деца не сакаат крвна слика со 14 различни резултати од 14 различни лаборатории…овие деца не сакаат цариник шо си ги чеша јајцата додека ти го прегледуе пасошот, а тоа трае 20 минути…при биометрии и чуда. Овие деца неможат да трпат да нема ЗЕЈТИН, а да има патни трошоци за некои ликови кои патем тие ги плаќаат, во висина на децет годишна плата на просечен работник. Затоа си одат децата…затоа шо нејкат да плакаат 20,000 сметка зашо инкасаторот „не читал“, или затоа шо му се „накривил“ паушалот на чичкото од водовод. Несакаат да слушаат дека нема пари за парно во училиште додека некаков ШАРПЛАНИНЕЦ со службениот ЦРН пасат шиба со 150 на партизанска и се забодуе у бандера…со истиот пасат купен со наши пари. Несакаат децава да гледаат веќе бљувотини…крај. Држава во која НЕМОЖЕШ ДА ДОБИЕШ ОДГОВОР НА НИЕДНО ГРАЃАНСКО ПРАШАЊЕ…не заслужува да поставува ПРАШАЊА од типот…ЗОШТО СИ ОДАТ МЛАДИТЕ. Си одат зошто НЕМОЖЕМЕ ДА СИ ИДЕМЕ И НИЕ ПОСТАРИТЕ ПА ДА ГИ ЗЕЕМЕ СО НАС…ете затоа си одат САМИ…а нас не оставаат во оваа ѓомити НАРАЈАМА, да не изеде времето и да ни скапат коските, додека сеуште неможеме да одговориме на едно просто прашање…КОИ СМЕ ТОА НИЕ. Затоа: Деца нека ви е со среќа и бидете здрави и среќни…и да ви каже Баба:
НЕ ОКРЕЌИ СЕ СИНЕ…