Состојки:
- 1 кг брашно тип 400
- 1 коцка свеж квасец
- 5 јајца
- 1 филџан масло или 1/2 коцка растопен маргарин
- 200 г шеќер
- 300 мл топло млеко
- 150 г суво грозје
- 100 г кора од лимон или портокал
- 1 јајце за премачкување
Подготовка:
Ставете го квасецот да се активира со малку сол, шеќер и топло млеко. Замесете меко тесто со брашното и квасецот.
Изматете ги јајцата и помешајте ги со шеќерот, топлото млеко, па додадете ги во брашното. На крај додадете го маслото или растопениот маргарин.
Тестото добро замесете го и оставете го да нарасне, половина час.
Тестото се премесува со удирање од работната маса, па се дели на 9 еднакви делови од кои се формираат топчиња
Од секое топче расукајте правоаголник, наросете го со суво грозје и кора од лимон и портокал (можете и да го премачкате и со мармалад ) и виткајте го како ролат.
Од три вакви ролати сплетете плетенка.
Ќе добиете три плетенки кои се печат во плех обложен со пекарска хартија.
Одозгора премачкајте ги со жолчка од јајце, па оставете ги уште некое време покриени на топло за да нараснат.
Печете ги на температура од 200 °С, околу 45 минути. Последните 15 минути покријте ги со фолија, намалете ја температурата намалете на 150°С и допечете ги.
Плетенките може да се спојат и во круг со дупка во средината, која Велигден се пополнува со велигденски јајца.