Несудениот евровизиски Супермен ги изненади битолските матуранти на завршната забава од кампањата за избор на најкликана матурска фотографија Royal Prom 2022 појавувајќи се во придружба на познатиот локален свадбарски музичар Акиф.
Матурантите беа одушевени од новата импровизирана чочек-верзија на песната Супермен со која Виктор имаше “кралско влегување” како водител на Royal Prom забавата пред Офицерскиот дом во Битола.
Инаку Акиф со неговата тајфа беа неизоставен дел од офф-програмата на сите матурски прослави во Битола, а вети и лично спонзорство за одење по невеста за матурантите кои уште годинава ќе се решат да прават свадба.
Реквизит во сценскиот настап на Акиф и Виктор овојпат беа пуканките, во Битола познати како пуфки со преносно значење на кревање чалам.
@kepenci.mk Кој е бе овај со Акиф шо пеј ?! 😜@professor_va ? #partytime #fyp #fypシ #contest #maturi2022 #summer #partyroyale #macedonia #prom #bitola
♬ original sound - kepenci.mk