За овој период од годината – кога сè уште календарски е лето и се наѕира есен, еве еден одличен рецепт.
Состојки за тесто:
- 120 гр брашно
- 100 гр брашно од леќа
- 2 супени лажици пченкарно брашно за палента
- 120 гр маргарин
- 1 лажица шеќер
- Половина лажичка сол
- 1/4 чаша ладна вода.
Состојки за премачкување:
- 1 супена лажица растително млеко
- 1 лажица шеќер
- Половина лажица масло од орев
Состојки за филот:
- 700 гр овошје по избор (или 200 гр тиква, 100 гр грозје, 200 гр јаболка, 100 гр праски, 100 гр смокви)
- 4 супени лажици мелени ореви
- 1 супена лажица брашно
- 1 супена лажица мелен рогач
- 100 гр шеќер.
Состојки за премачкување после печење:
- 1 лажица мармалад од смокви 1
- супена лажица млака вода.
Подготовка:
- Направете го пецивото, но најпрво измешајте ги сите суви состојки, а потоа измешајте го и маргаринот па сè убаво измесете со рацете. Постепено додавајте ја ладна вода и кога сè ќе се соедини, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер еден час.
- Овошјето и тиквата исечкајте ги ситно, потоа измешајте ги со брашното јаткастите плодови, и шеќерот.
- Измешајте ги состојките за првиот премаз, освен шеќерот.
- Кога тестото ќе одмори, развлечете го на дебелина од околу половина сантиметар, не мора да внимавате рабовите да бидат правилни. Всушност, тоа е еден од белезите на галетот. Потоа префрлете го на хартија за печење во рерната во која ќе печете.
- Распоредете го филот преку тестото, но оставете неколку сантиметри тесто околу работ, кои потоа ќе ги превиткувате преку филот.
- Тестото премачкајте го со премаз и посипете го со шеќер. Се пече на 200°C околу половина час. Се лади на решетка за ладење.
- Кога галетата ќе се излади, премачкајте ги плодовите и тестото со премаз од мармалад и вода. Ова ќе и даде сјај на галетата, дополнителен вкус и ќе му помогне на тестото да остане крцкаво цело време.
Имајте добар апетит!