Канелоните се специјалитет што се готват за кратко време и имаат толку убав мирис што нема да можете да чекате да се оладат.

Состојки:
- 150 гр канелони
- 450 гр мелено месо
- 2 главици кромид
- 400 гр сос од домати
- 150 гр моцарела
- Сол и бибер

Подготовка:
Исечкајте го кромидот и пржете, а потоа додадете го меленото месо и пропржете го десет минути. Додадете го доматниот сос и динстајте. Додадете сол и бибер по вкус.
Загрејте ја рерната на 180 °C. Смесата од месо ставете ја во пластична кеса и отсечете го горниот дел и наполнете ги канелоните.

На дното на садот за печење ставете го сосот од домати, а одозгора канелоните. Прелијте го остатокот од сосот и одозгора ставете ја моцарелата. Печете ги канелоните околу 35 минути.
На здравје