Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и неговото високопреосвештенство Митрополитот Петар, во црквата Свети Архангел Гаврил во битолската населба Довлеџик, ги пречекаа и испратија 14-те коњаници кои во следните осум дена ќе патуваат кон Крушево.
![Владиката Петар го благослови патот на Битолската коњаница](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/zlaten-1.jpg)
Оживувајќи ги некогашните комитски планински патеки, 12 момци и 2 девојки, поминувајќи низ над 20 села ќе поминат 174 километри со јавање до нивната конечна дестинација на Гумење и Мечкин Камен во Крушево, каде ќе учествуваат во Илинденското дефиле.
![Владиката Петар го благослови патот на Битолската коњаница](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/zlaten-3.jpg)
Попатно, во Смилево, Велмевци и Цер, младите комити ќе оддадат почит на гробовите на Дамјан Груев, Јордан Пиперката и Христо Узунов, а ќе застануваат за преноќиште и одмор во 6 манастири.
![Владиката Петар го благослови патот на Битолската коњаница](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/zlaten-2.jpg)
Владиката Петар ги благослови коњаниците, кои врз прекрстени револвер и кама врз Библија положија и свечена заклетва, а нивниот подвиг го поздрави и лесен пат им посака и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
![Владиката Петар го благослови патот на Битолската коњаница](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/zlaten-5.jpg)
По свечената заклетва за војвода на овогодинешната чета беше избран Саша Стојменовски, кому му беше доделена посебна црвена наметка како обележје за војводскиот чин.
![Владиката Петар го благослови патот на Битолската коњаница](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/zlate-9.jpg)
![Владиката Петар го благослови патот на Битолската коњаница](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/zlaten-8.jpg)
Многубројниот народ собран во дворот на црквата која денес го слави патронот Свети Архангел Гаврил, со овации, аплаузи, благослови и песни ги испрати коњаниците.
![Владиката Петар го благослови патот на Битолската коњаница](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/zlaten-6.jpg)
А на коњите додека одмараа, друштво им правеа многубројни деца, со голема желба да ги погалат, па и да јаваат.
Коњаницата потоа патот го продолжи кон потпелистерското село Цапари, каде ќе им оддаде почит на речиси 100 комити загинати во Илинденското Востание, а ќе има и пригодна свеченост со локалното население. Ноќта ќе ја поминат во цапарскиот манастир Света Петка високо во планината, од каде утредента по планински патеки ќе се упатат кон селото Гопеш.
![Владиката Петар го благослови патот на Битолската коњаница](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/zlaten-10.jpg)
![Владиката Петар го благослови патот на Битолската коњаница](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/zlaten-4.jpg)