Марко Пејчиновски го заврши своето четврто препливување за ова лето на релација Струга – Св. Наум (30км), со време од 9 часа и 26 минути.
Претходно во јуни, Марко преплива три делници од Радожда до Охрид (14 км), Градиште (18км) и Трпејца (20км).

Марко Пејчиновски ова лето си постави цел да преплива вкупна должина од 250км од Охридското Езеро од различни дестинации.
Марко пред четири години кога го преплива езерото на само 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30 км од Свети Наум до Охрид.