Оваа година целосно затемнување на Месечината ќе се случи во недела на 16 мај или поточно кажано сателитот на нашата планета ќе биде обоен во црвено.

Таканаречената Крвава Месечина се очекува да создаде спектакл кој што ќе може да биде видлив на небото, а исто така се очекува да се гледа и со голо око.

Ова е едно од двете затемнувања на Месечината додека наредното затемнување се очекува да се случи на 8 ноември.

Оваа појава со затемнувања на Месечината е многу почеста од затемнувањето на Сонцето и не е помалку спектакуларна од онаа со Сонцето бидејќи затемнувањето на Месечината можете да го набљудувате само ноќе додека затемнувањето на Сонцето претставува појава што е особено видлива во текот на денот.

Инаку секоја година на Земјата се случуваат од едно до две затемнувања на Месечината.
