Се известуваат граѓаните кои живеат на улиците од населба Баир, ул. Мукос, ул. Девејани , ул. 8ма и сите кои поради дефект на водоводната мрежа на ден 12.07.2023, кои беа опфатени со овај дефект дека ситуацијата е нормализирана и дека водата е безбедна за пиење.
Во рамките на своите работни обврски, ЈКП„ Водовод“ Битола во својата Лабораторија изврши повеќе пати анализа на водата во водоводната мрежа која беше опфатена.
За потврда на нашите резултати од ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола земени се примероци на вода за пиење.
Примероците на вода за пиење се земени од места каде што имаше прекин на водоснабдувањето.
Врз оснoва на добиените резултати, испитаните примероци на вода за пиење ОДГОВАРААТ на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри за бактериолошка и физичко-хемиска анализа, согласно Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ 183/2018.)
Екипите на ЈКП “Водовод”- Битола, денес излегоа на терен чистејќи дел од улиците во градот
Екипите на ЈКП "Водовод"- Битола, денес излегоа на терен чистејќи дел од улиците во градот
Прочитај повеќе