2022 година за ЈКП Водовод Битола беше посветена на многу работа и сериозни предизвици.
Го максимизиравме капацитетот со кој што располагаме, токму за целта поради која постоиме, граѓаните.
Нашата работа всушност е секојдневно огромен напор и ангажирање за нормално и квалитетно водоснабдување и обезбедување чиста питка вода до сите наши корисници – се вели во предновогодишното соопштение на Водовод Битола.
Мрежата со која располагаме постојано има потреба од тековно одржување и обновување. Но, тука не застануваме. Нашите напори не помалку се насочени и кон изградба на нова мрежа.
Кога се сумираат резултатите, а овој период – завршувањето на една календарска година, се согледуваат резултатите, но и пропустите, ама исто така е време да ја потврдиме посветеноста и совесноста на сите вработени во ЈКП Водовод и да им оддадеме признание и благодарност за нивниот ангажман – велат во битолското јавно претпријатие и порачуваат:
ЈКП Водовод Битола и во 2023 останува докрај посветено на корисниците и најквалитетно обезбедување на услугите кои им ги испорачуваме.