Екипите на ЈКП Водовод Битола, активно работат на ул. Смилевски конгрес за нормализирање на водоснабдување во овој дел од градот.
За таа цел во текот на утрешниот ден 01.07.2022 (петок) ќе се прави промена на овален затворач Ф-150.
Прекинот во водоснабдувањето поради активностите околу промената, ќе трае од 08:30 до завршување со интервенцијата.
Со ова корегирање се очекува непрекинато и поквалитетно водоснабдување.