Волонтерите и волонтерството во секоја држава претставуваат огромен човечки потенцијал кој континуирано се мобилизира согласно потребите на заедницата. Вредноста која волонтерите ја создаваат и вградуваат во своите активности е „бесценета“, бидејќи поседува особен квалитет кој е збогатен со хуманата димензија на добрата волја – вели младата Викторија Брдаровска од Здружението за заштита од повеќе аспекти “ВИКТОРИ”.

Здружението “ВИКТОРИ” по повод Светскиот ден на волонтерството 5 декември доби плакета од Општина Битола како една од петте најдобри организации кои во годината што изминува спроведоа волонтерски акции. Плакетата ја врачи градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Претседателката на оваа здружение, Викторија Брдаровска се заблагодари пред присутните и рече дека признанието е резултат на работа и на ништо друго, ветувајќи дека од идната пролет ова здружение уште посилно и поангажирано ќе работи за доброто на заедницата.
