Денес 20 април, среда времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи на дожд посебно во северните делови. Претпладне ќе дуваумерен до засилен ветер од јужен правец, а попладне ќе го промени правецот во северен. Во западните делови ветерот повремено ќе биде силен (над 70 км/час) од југозападен правец.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во петок на повеќе места ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец. Од четврток дневните температури ќе бидат во пораст, позначителен за време на викендот кога насекаде ќе бидат над 20 степени.
Температурата во текот на денот ќе се движи од 2 до 16 степени – известуваат од УХМР.
Денес прекинато водоснабдување во Горно Оризари на ул. Кире Костадиновски
Во текот на денешниот ден 06.12.2024 (петок), поради дефект на водоводната мрежа (челична цевка Ф - 400), со прекинато водоснабдување...
Прочитај повеќе