Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер (со брзина и над 70 км/час).
Во југозападните делови од земјава температурите ќе се движат од 7 до 19 степени.

За утре се очекува претпладне променливо облачно со локален дожд. Попладне сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец изјавија од Управата за хидрометеоролошки работи.