Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Попладне во североисточните делови ќе има локално зголемување на облачноста проследено со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Температурите ќе се движат од 6 до 23 степени во југозападниот регион.
За утре се очекува да биде исто така сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, изјавија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Екипите на ЈКП “Водовод”- Битола, денес излегоа на терен чистејќи дел од улиците во градот
Екипите на ЈКП "Водовод"- Битола, денес излегоа на терен чистејќи дел од улиците во градот
Прочитај повеќе