Денес, четврток времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд особено во северните и западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Температурите во југозападниот дел на земјата ќе се движат од 3 до 16 степени во текот на денот.
До недела ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, а утре ќе биде ветровито со засилен југоисточен ветер (над 60 км/час), а претежно попладне со услови за појава на пороен дожд проследен со ретки грмежи. Потоа следува неколкудневен постабилен посончев период. Од утре дневните температури ќе бидат во пораст кој ќе е позначителен за време на викендот кога во повеќето места температурите ќе бидат над 20 степени, изјавија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Екипите на ЈКП “Водовод”- Битола, денес излегоа на терен чистејќи дел од улиците во градот
Екипите на ЈКП "Водовод"- Битола, денес излегоа на терен чистејќи дел од улиците во градот
Прочитај повеќе