Македонскиот професионален рели возач Игор Стефановски – Иџе, го освои второто место, на Европскиот шампионат на ридски патеки во Полска.

Иџе ги освои титулите во шампионатите на ридски патеки во 2014 и во 2015 година, а оваа сезона како поискусен на веќе познатите патеки реши да ја предизвика новата конкуренција.

Во претходните години Иџе настапуваше во ЕТЦЦ, ТЦР-Европа, ТЦР-Италија и ТЦР-Источна Европа шампионатите на кружни патеки.