Првичните резултати од изборите во Србија ќе бидат објавени дури во понеделник навечер, за кога Изборната комисија во Белград го најави повторното вклучување за медиумите, откако вечерва прекина со соопштенија.

Се претпоставува дека според гласовите од дијаспората и процентот на досега преброени гласови претседателот Александар Вучиќ убедливо ќе го добие вториот последоватлен мандат, а неговата СНС мнозинство. Дел од аналитичарите предвидуваат дека пребројувањето на гласовите во Белград кое е оставено за самиот крај на броењето, сепак може да му зададе извесни главоболки на Вучиќ и неговите планови за мнозинство на неговата партија на сите нивоа и во сите градови. Тоа сепак нема да ја наруши генералната обедлива победа на Вучиќ, на изборите со најголема излезност во Србија во последните 10 години. Извештаите од гласањето зборуваа за редици и метеж пред гласачките места, а излезеноста некаде надминува и 60%.
