Откако кај студент на Универзитетот во Вухан пред неколку дена беше откриен случај на колера, властите соопштија дека го лоцирале изворот – истиот пазарот за храна кој беше посочен како извор на корона вирусот.
Овој пат наместо лилјак, се посочува мекотелна желка од која се прави традиционална супа.
Иако заразениот студент е добар и речиси излекуван без последици, случајот со заразената желка доби огромен светски публицитет и создаде нервоза кај кинеската јавност.