WhatsApp воведува нови ограничувања во делот со препраќањето на пораки. Извори кои го работат овој дел тврдат дека пораките ќе можат да се препраќаат само до два пати со цел да се спречат пораки што може да содржат штетни или погрешни информации.
Оваа промена се очекува да настапи во текот на наредните месеци додека кај бета тастерите кои случајно се одбрани веќе се применуваат ваквите т.н. новитети.
Ова не е прв пат WhatsApp да го отежнува проследувањето на содржината во обид да се искорени измамата. Во март 2019 година, тие додадоа ознака што автоматски покажува дали пораката е препратена.