Влегуваме во последните 24 часа од гласањето за Royal Prom 2023
500 фотографии и околу 1000 матуранти фотографирани пред нашиот банер.
ЧЕСТИТМЕ!!!
Во изминатите две недели успешно мобилизиравте, другари, пријатели, комшии, роднини, тетки, стрини, вујни, баби и по некој вујче од Америка во лобирањето токму вашата фотографија да се најде во најсподелуваните слики со најмногу гласови.
За 14 дена на страницата royalevent.live се регистрирани над 200.000 посети и вкупно 44,000 гласови.
Ако лани имаше преамбициозни матуранти кои користејќи посебни скрипти и други “креативни” методи за манипулација ги вклучија пошироките семејства на малечката невеста од Индија и семејството Бекам од Англија 🙂 годинава ги мобилизиравте и ескимите од Грендланд сосе пингвините од јужниот пол да гласаат за вас. Со оглед на тоа што ова е само забава и интересен начин да се размрдате и да покажете иницијатива за Младински активизам таквите фејк турбо “успешни” фотографии и оваа година нема да бидат дисквалификувани и ќе бидат соодветно испочитувани, но сепак на крај ќе победи чесноста, храброста и искреноста во намерите да се учествува во еден ваков забавен натпревар.
Доделувањето на врдносните ваучери од пријателите на Royal Prom 2023 кои и годинава несебично решија да ви посветат соодветно внимание ќе биде одржано во Голд Фелициа во четврток 15 јуни во 11 часот.
Во оваа прилика во ваше име им благодариме на вашите и наши стари и нови пријатели:
ЈК ТРАВЕЛ
БАЛКАН ФАН
ГОПЕШ ТРАВЕЛ
ЈАВЕН АДВЕРТАЈЗИНГ
ГОЛД ФЕЛИЦИЈА
ВЕЗИЛКА
НУ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ БИТОЛА
ГАЛОП БИТОЛСКА КОЊАНИЦА
ВОДОВОД БИТОЛА
ОПТИКА АУРА
И секако, ништо од ова немаше да се случи доколку не беше максималниот несебичен ангажман и целосна посветеност на нашиот ВИКТОР АПОСТОЛОВСКИ и најдобрата фотографка меѓу матурантите во градот ИВАНА ХРИСТОВА за чии што играни, документарни филмови и книги бестселери допрва има да слушате и оро да играте!