На први октомври Здружението за заштита од повеќе аспекти – ВИКТОРИ организира хуманитарен настан во Битола за подигнување на свеста на граѓаните за борбата против канцерот и лицата заболени од канцер чија помош им е потребна.

Членовите на здружението ВИКТОРИ, Викторија Брдаровска и Тамара Илиевска кои се воедно и организаторки на овој настан, овој месец организираа повеќе активности под слоганот ,,Сите заедно во борба против канцерот” (како што се донации од коса, награден конкурс за најдобар есеј и слично) каде што на први октомври ќе се заокружи со главен хуманитарен настан.

Настанот ќе биде придружен со музички дел, трибина со наши познати битолски доктори, читање на наградените есеи, базар, дружба и уште многу други активности.
На базарот ќе се продаваат производи изработени од пациенти заболени од канцер како и донации од добронамерни луѓе, додека парите собрани од производите ќе бидат донирани на лица што им е потребна таква помош.

Исто така за овој настан се собираа донации за коса, а од нив ќе се направат четири перики кои подоцна ќе бидат доделени кај тие што најмногу им се потребни.

Хуманитарниот настан ќе почне во 10 часот на плоштадот Магнолија
Повеќе за настанот тука