Додека Западот се бори со стареењето на населението, некои од земјите во Африка не можат ни да го замислат проблемот каков би бил кога би се случувал кај нив.
Интересното е што повеќето земји со популација помлада од 18 години се од континентот Африка.
Нигер
57% од вкупната популација се со малолетното население и се дефинитивно рекордери во светот. Според статистичките податоци, една жена во Нигер раѓа во просек по осум деца во својот живот. За жал, иако многу земји би сакале да имаат толку големо младо население, во Нигер ова е веќе голем проблем со оглед на сиромаштијата со која се борат.
Уганда
Како и кај Нигер, причината за толку голем број млади луѓе е некористењето на контрацепција и традиционално многудетните семејства. Дури 77% од населението е помладо од 25 години, што е проблем и за младите во оваа земја, која се бори со високата стапка на невработеност и нискиот животен век.
Мали
Речиси половина од населението е помладо од 15 години.
Невработеноста, сиромаштијата и честите политички кризи доведуваат голем број млади луѓе да се приклучат кон вооружени групи кои лесно ги регрутираат. ОН интервенираше со својата програма за отворање работни места за 3.000 млади луѓе, но тоа се уште не е доволно во оваа земја каде што речиси половина од 20-те милиони жители се на возраст од под 15 години.
Авганистан
Половина од населението е малолетно. На листата на 20 „најмлади“ земји во светот, единствена неафриканска земја е Авганистан, каде малолетниците сочинуваат 51% од населението. Со години сме сведоци на вестите од Авганистан, доволни за да се почувствува атмосферата во оваа азиска земја и проблемите со кои се соочуваат нивните млади.