Португалија, Шпанија и делови од Франција веќе втора недела се борат со огнените стихии поради кои се евакуирани илјадници лица од загрозените подрачја.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/bidninina-6.jpg)
Бројот на директно настрадани е неколку десетици, но се смета дека како индиректна последица од жешкото и суво време настрадале повеќе стотици луѓе.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/bidnina-5-1.jpg)
Освен Португалија, Шпанија и Франција кои поради најавите за температури од над 47°С воведоа портокалови и црвени тревоги и вонредни состојби во одредени подрачја, од жешкиот бран, сушата и ризикот од пожари се зафатени и северен Мароко, Италија, но и делови од Хрватска и Грција.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/bidnina-4-3.jpg)
Освен што директно негативни влијаат на туризмот, бидејќи најголемите пожари се во близина на познати туристички одморалишта, пожарите и сушното време негативно ќе се одразат и на земјоделието, што уште повеќе ќе го нагласат недостигот на храна, особено жито и житни производи, предизвикан со војната во Украина.
![Жешкиот бран ги разгорува пожарите во јужна Европа](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/bidnina-3-2.jpg)
![Жешкиот бран ги разгорува пожарите во јужна Европа](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/07/bidnina-2j.jpg)