Суецкиот Канал кој во должина од 193 километри ги поврзува Црвеното Море со Средоземното, објави статискики кои се важни за анализа по повеќе основи.

Приходите од прометот низ каналот се за речиси 14 проценти поголеми од лани во април, бројот на бродови достигнува близу 2000, а значително зголемена е и тежината на товарот кој минува низ каналот.

Аналитичарите велат дека, и да се се изземе минатогодишното лошо влијание на пандемијата, годинешниот пораст значи нагло зголемување на протокот на танкери со разни стоки меѓу Истокот и Западот, од што, со детална анализа на земјите на производство и природата на товарот може да се направат и некои гео-политички проекции и да се предвидат економските глобални трендови на подолг рок.

Војната во Украина и турбуленциите на пазарот, не само на енергија, масло и жито, кои таа ги предизвика глобално, секако имаат удел во зголемувањето на источно-западниот транзит на танкери.