Кинескиот претседател Си Џипинг на самитот на земјите од БРИКС рече дека тие мора да го понесат товарот на одговорноста кој произлегува од големината на нивните економии и да се заложат за вистински мултинационален (мултиполарен) економски систем базиран на принципите на Обединетите Нации.
Тој ги повика земјите членки на БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка да го напуштат т.н. менталитет на студена војна и заеднички да се спротистават на употребата на праксата на воведување унилатерални санкции кои денес се злоупотребуваат за индивидуални политички цели.
Си Џипинг се смета за лидер на БРИКС со оглед на тоа што кинеската економија опфаќа 70% од вкупните економии на сите земји членки заедно
Аналитичарите велат дека изјаснувањето на Џипинг против праксата на меѓународна злоупотреба на економските санкции може да се толкува како поддршка, но истовремено и како критика на однесувањето Русија во нејзината актуелна економска војна со Западот, што генерално ѝ штети на визијата за мултиполарен свет и напуштање на биполарноста на водењето на студената војна.